Зависност од Интернет

Зависни од интернет?

Според кого? Според некој што ни прозор не отвара да види надвор какво е општеството и времето и по цели денови гледа турски/индиски серии!

И нема поим дека има друг паралелен свет во кој  светот се случува.

Како може некој кој нема поим од новите современи текови во повеќедимензионалното опкружување на нашата перцепција за световното постоење, да ми суди дали сум ја зависна од новиот пристап во универзумот, или не сум !?

Кој има право да ми кажува кој начин на живот јас ке го живеам, во која димензија, или во кој правец јас ке се движам.
Поради падот на рејтингот на глупите серии кои ни ги сервираат секојдневно на ТВ, сега прават пропаганда дека седењето на интернет ствара зависност, па уште и дијагнози воспоставија, нека се лечат они што се заостанати во времето и просторот и нека не пробуваат да не спречат во нашиот развој !

Сега дилерите на турски серии поради опаѓање на рејтинзите на тв гледаноста, ќе ни измислуваат разно разни дијагнози. Можеби они прво треба да се прегледаат што дремат пред тв екраните по 12 часа дневно и за викенди ги гледаат и репризите, а да не зборам постарите како со таа нивна зависност од телевизиски серии ги запоставуваат своите деца и внучиња, а да не збориме колку бракови се растурија поради тотално игнорирање на брачните другари.

grenade

Меѓу симптомите на интернет зависноста спаѓаат преокупацијата со интернетот и онлајн игрите, губитокот на интерес за други работи, неможноста на контрола на времето додека е онлајн. Чуството на повлеченост кога не му е достапен интернетот итн.

Не му текна на кекој дека можеби тоа е само природен пат на еволуцијата, или таа опција не се зема предвид?

Многу ми е жал што повеќето луѓе ниту разбираат, ниту сакаат да разберат што се случува во тој „имагинарен“ според нив, свет.

Ниту е имагинарен, ниту е болест, тоа е само природен пат на развивање на повисока свесност кај оние кој се спремни да ги прифатат новите промени во современото живеење. Сведоци сме дека со развојот на интернетот и со достапноста на сите информации, ние луѓето станавме помудри, попаметни, поблиски, за нас граници непостојат, освен со оние кои сами си ги поставуваат и нас не сметаат за зависни. Не не сме ние зависни, ние живееме во поинаков свет, лимитиран за дневните глупости сервирани од меинстрим медиумите, ние бираме што ќе гледаме, и што ќе слушаме, како ќе се информираме, и кои податоци ќе ги споделиме. Ние во случајов ги контролираме нашите спознанија за постоењето, не дозволуваме да влеземе во машинеријата на секојдневните општествени случувања.

Така да јас навистина не гледам тука ништо лошо, само гледам луѓе кои не се спремни да ја прифатат еволуцијата!

Кои се тие таканаречени експерти за интернет кои не знаат ни компјутер да вклучат.

Затоа драги мои, не дозволувајте некој да ви даде дијагноза, интернет зависност не постои!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s