Слобода на говорот, или слободно „лаење“

Што е слобода на говорот?

Слободата на говорот е еден голем пазар на идеи, слободен проток на идеи, кои вклучуваат и потрага по вистината, но не ја оспоруваат ни лагата – за жал. Слободата на говор е право и основна слобода на секој граѓанин од една демократска и слободна држава, но некој ја сваќа како слобода за зборување и кажување што било.

freedom-of-speech

За оние кои слободата на говор ја сваќаат како ,,што сакам ќе си кажувам‘‘ да ги потсетиме дека има и свои принципи:

  • НЕ – е толеранција на туѓата нетолерантност, како што е исмевањето;
  • НЕ – е клевета;
  • НЕ – кривоклетство;
  • НЕ – одвратен, гаден и непристоен говор;
  • НЕ – искушување;
  • НЕ – изнесување податоци без дозвола;
  • НЕ – вулгарности;
  • НЕ – ширење омраза што води кон насилство;
  • НЕ – прекршување на авторските права;
  • НЕ – издавање на тајни (лични, политички, државни или тајни на некоја фирма);
  • НЕ – навреди;
  • НЕ – непријателска агитација;
  • НЕ – предавство;
  • НЕ – хулење на верата (било која официјална вера);
  • НЕ – поттикнување на тероризам.

Интернетот, за жал, ја дава можноста да се прекршат сите основни принципи на слободата на говорот. Употребата на псевдоними, скриени лични податоци и слободни мрежи доведоа до тоа кукањето, плукањето и исмевањето на сè и сешто да стане глобална занимација заради која се злоупотребува интернетот.

Американската влада веќе ги оформи законите според кои корисниците на интернет можат да бидат осудени. Полека, но сигурно овие закони влегуваат во употреба, и на нашиве балкански простори…

Во секој случај примената на овој закон би придонел за правилно користење на интернетот како средство за комуникација, но никој несмее да очекува дека сите проблеми ќе бидат решени, туку ќе се има малку поголема контрола врз карактерот на комуникацијата.

Со информацијата дека единица за борба против Компјутерски криминал при Одделот за организиран криминал во МВР, вчера до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицето М.Н. (34) од Скопје, за сторено кривично дело “злоупотреба на лични податоци“, активистите од опозицискиот табор, соросоидите и останатите кои се најдоа во оваа да не речам багра, кои роварат на интернет, почнаа да делуваат како избезумени.

Почнаа да ги напаѓаат корисниците на интернет социјалните мрежи, дека им се закануваат, дека им праќаат разноразни провокативни пораки дека нема да им се знае крајот, дека нивното право на говор е попречено и во знак на револт ги испобришаа нивните профили, кои траеа од последните избори па наваму, реално тие постоеа и пред тоа но, под други псевдоними, а постојат и сега, со којзнае колку други псевдоними.

Јасна е паниката што се појави кај овие „структури“ вметнати на сите интернет социјални мрежи за да се злоупотребуваат за исценирани цели кој влева недоверба помеѓу македонскиот народ, нормално се исплашија дека и кај нас почна да се спроведува законот за борба против компјутерски криминал, се исплашија од кривични пријави, кои нормално и ги заслужија после толку време кажување невистини, клевети, деградирање и дискредитирање на личности кои го немаат истото мислење и истиот став со нив и пред се, страв од разоткривање на нивниот идентитет.

Имплементацијата на овој закон дефинитивно не ги остави рамнодушни оние кои со години наназад толку си го ,,ослободија‘‘ говорот и правеа разни сплетки помеѓу , македонските корисници на интернет социјалните мрежи, но и на бугарските, провоцирајќи ги, а со самото тоа наметнувајќи многу негативна клима помеѓу лицата од двете држави.

Некои дури се повикаа дека со овој закон се крши основното и најдемократското право на говор, но да потсетиме , право на говор не е да навредуваш и да напаѓаш, да ја извртуваш вистината, да клеветиш и да изнесуваш лични податоци.

СЛОБОДА НА ГОВОРОТ ни најмалку не значи ,,СЛОБОДА ЗА ЛАЕЊЕ‘‘….

kimi
Слаѓана Димитровска