Така му било пишано

Во една мирна населба во Скопје, се случи убиство. Впрочем тоа и не е нешто ново, убиства има често, добро, не толку често како на запад, но сепак за мала земја како нашата, има премногу. Жртвата и убиецот беа млади луѓе. На едниот му заврши мисијата на овој свет, сите беа тажни, замина млад живот, полн со елан, амбициозен, човек кој беше на прагот на успехот, со своите 27 години тој веќе беше магистар, работеше во јака установа со солидна плата, беше оженет имаше едно дете, а второто му беше на пат, куќата само што ја направи, но судбина, Така му било пишано, да замине млад, некој да му одземе се`.
Paradox-of-Violence
Вториот, тој убиецот, исто така беше многу млад човек, но и тој си ја закова судбината, уби друг од неговата врста, и сеа следи казна. Живот поминат во затвор, затоа што погрешил, на некој му пресудил, се ставил во улога на Бог, си дозволил да земе туѓ живот. Како на него да не му било пишано да живее нормално, да има сопствено семејство, куќа, убава работа, или пак му било пишано да убие? Да! И нему му било пишано, но да убие. Логички, пошто ако на едниот му било пишано да биде убиен, тогаш на вториот му било пишано да убие. И сега тука настанува парадоксот, зошто кога веќе однапред е нешто запишано, ние луѓето се ставаме во улога на Господ, па си дозволуваме некого да казниме затоа што му било така пишано, па тој сигурно немал слободна волја да оди по улица и да пука, така му било наложено од погорните инстанци, од оние истите што запишуваат кој што и како ќе прави во својот живот, нели ако така ни е пишано, ние едноставно неможеме поинаку, или се лажам? И како сега ние ќе го оправдаме запишаното, со осуда? Пак ќе се прашам, кои сме тогаш ние да казниме некого за постапка која некој му ја наложил, нели сме ние марионети во нечии раце што запишуваат како ќе се одвиваат настаните, па тогаш нашиот суд нека биде во согласност со записите и нека не не` осудува за нешто што некој друг го пишал. Нека го викнат запишувачот да каже зошто така пишал. Кој запишува, зошто запишува, по порачка, по слободна воља, по убавина, има ли репер според што на некого нешто му е запишано како ќе му биде во животот?
1383647_717098591652056_1075197422_n-620x
Моето искуство со запишаното не содејствува баш со класичното поимање на истиот термин. Јас знам што ми се случило и донекаде сум свесна за случувањата во моментот, но јас никако неможам да дознаам што ќе ми се случува, а многу сакам да направам мал пробив во временската бариера, па малку да ѕирнам напред да видам што ми било пишано за во иднина, би сакала да си ја знам судбината. Дали тој што ја запишува судбината има миленици, па на некој му припишува убави работи, на некого страдање цело време, или ние сме сами контролори на нашата судбина, и сами си го креираме текот на животот. Значи јас за мојот живот знам до тука, баш до тука, понатаму ми е комплетна енигма, цело време се прашувам, што има во следната секунда, во следната минута, ден, година, што ме чека таму, дали тртеба да седам само и да чекам да се случи, онака без идеја и концепт за својата иднина, пошто веќе некој ми ја заковал, и јас сега треба само да чекам да се случи, или пак треба да работам на себе и на своите идеи што точно јас би сакала да ми се случува понатаму. Нормално, треба да бидам искрена со себе и да си признаам што сакам, и обично го добивам тоа што го сакам, исто и кога се плашам, кога моите мисли се обземени со страв од иднината, да! Стравот е моќно гориво за работата на умот, не џабе рекле „Незапослен ум, работилница на ѓаволот“, тој што нема визија за својата иднина, седи, кука се жали, и е во постојан страв, со право е во таква состојба, пошто енергијата што ја зрачи му го материјализира стравот, и затоа цело време нема ништо што тој сака, бидејќи не ни знае што сака, ама точно знае што несака и тоа го добива на послужавник. Исто е и со оние што знаат што сакаат, па вибрацијата, или енергијата (што ја емитираат), им ги „исполнува“ желбите во оној облик во кој ги испишале со мислите, ги пратиле во етерот . Сакам да сум богата, и сум богата! Принципот е ист, што сакаш, или од што се плашиш, тоа го добиваш, е па сега мене уште не ми е јасно тоа со „Така му е пишано“. Значи ние одлучуваме кого ќе казниме, ние одлучуваме каква иднина сакаме, таква и добиваме, и сметам дека имаме прилично големи ингеренции врз животот на блиските, општеството, природата, општо ние самите си креираме настани, ние самите сме режисери на преставата Живот, во кој самите сме главна улога, ние си го пишуваме сценариото на “филмот“. За да ни биде појасно, ќе мора да ги разгледаме следните парадокси: нашето општество живее во парадокс и затоа се случува хаос и само поради тоа што самиот човек верува во нешто за кое знае дека нема логика, и постојано продолжува да се лаже сам себеси, а тоа е најтешко за еден цивилизиран и интелегентен човек кога знае дека постојано се лаже, а свесен е дека неможе самиот себе да се излаже пошто знае и може да направи разлика помегу вистината и лагата. Всушност,како знаеме дека сме свесни… свесни сме дека сами на себе не можеме да си кажеме лага, е па како тогаш постојано имаме парадокс ситуација и збориме за судбина толку цврство што тврдиме како на некој случката му била веќе испланирана, запишана и наметната, а самите знаеме дека Креаторот наречен Бог не` создал со слободна волја за да можеме да одбереме што сакаме по наш избор. Слободната волја ние неприкосновена, тоа го пишува секаде, во сите религиски книги, а што значи тоа, Тоа е точно така, ние сме слободни да правиме ШТО СИ САКАМЕ, без предходно да бараме дозвола од некого за тоа, стравот ни е само наметната форма за контрола на масите (рајата). Ако некој ни пристапи со закана дека ќе гориме вечно во езерото на сулфурот во болки и огин и мачење и вечно за век и веков со еден збор наречен ‘ПЕКОЛ’, тогаш почнуваме да сфаќаме дека уствари ние немаме избор. И пак парадокс Значи да завршиме со овие парадоксални ситуации треба да престанеме да се лажеме постојано и да почнеме да правиме работи што навистина ги сакаме и што не прават среќни. Сега записничарот ќе го оставам малку да мирува, јас перото го земам во рака и ќе почнам како сакам да си пишувам, за да ми Биде така запишано!!!
Advertisements