За три месеци над 20 000 упати за шизофренија и депресија во Македонија

Последните три месеци од евиденцијата на “Мој термин” покажуваат дека растројствата се на врвот од болестите за кои пациентите побарале лекарска помош. Според податоците до кои дојде zdravstvo24.mk, биле издадени повеќе од 20 000 упати за овие заболувања. За депресија 5287 и 5221 за шизофренија. За мешано анксиозно и депресивно растројство повеќе од 6 000 упати. На врвот, пак, на табелата се хипертензиите со 55 525 упати. 22 454 биле пропишани за хиперплазија на простата. За тип 2 дијабетес за три месеци биле пропишани 18 709 упати. Со нарушување на видот мака имале 13 504 пациенти а 12 282 упати биле за ангина пекторис. На спондилоза се пожалие 12 045 пациенти кои добиле упат за специјалист. Со акутен бронхитис упат добиле 7882 пациенти.

dr9-400x250

Што се однесува до бројот на пациенти по општини, најмногу болни имало од општина Центар 39 394. На второ место со 29 114 пациенти за три месеци е Тетово каде само 1744 се за примарна хипертензија. Трет на листата е Куманово со 27 587 издадени упати од кои 918 се за хиперплазија на простата. Во Битола 26 809 пациенти побарале лекарска помош изминатите 100 дена. Од нив 620 се за ангина пекторис а 609 за дијабетес тип 1. Росоман со 63 и карбинци со 17 упати за три месеци се последни на табелата од општините. Со “Мој термин”, надлежните имаат целосен увид за кое заболувања колкав број на упати се реализирани и дали кај одредени болести има пораст или стагнација. Постои точна евиденција во која општина колку е реализирано, колку пациенти ги искористиле упатите и на која возраст се.

Сања Димитровска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s