Свест, Знаење, Спознавање, Будност

Posted: September 10, 2012 in MK4D
Tags: , , , , , ,

Способни сте да ги контролирате само оние работи за кои сте свесни, работите за кои не сте свесни ве контролирааат вас. Луѓето сеуште се робови на нешта за кои не се свесни. Кога ние стануваме свесни, ние ги фрламе овие нешта, и тие нешта сеуште се присутни, но повеќе не не контролираат, не не вознемируваат, повеќе не сме им робови. Тоа е разликата.

Image

Свест, знаење,  постануваме набљудувачи. Јас ти говорам, и додека гледам во тебе гледам и во себе. Кога те слушам тебе, бескрајно ми е повеќе важно да се слушам себе, а не тебе. Се разбира важно е и тебе да те слушам, но уште поважно е да се слушам себеси, инаку не ќе бидам во можност да те слушам тебе, или јас погрешно ќе те разберам тебе. Затоа е апсолутно неопходно да се слушам себе додека те слушам тебе.

Ние ќе бидеме во можност да комуницираме со другите, само ако се посветиме на самите себе и се обидеме да се запознаеме повеќе со себе, ќе видиме и ќе признаеме за тоа што сме, а со тоа доаѓаме поблиску до состојба на будење. Како ние би им помагале на други, ако одбиваме истото да го сториме за себе.  Всушност, тоа е очигледна желба за да се постигне некоја состојба на рамнотежа и духовен развој, а со тоа всушност сакаме да му докажеме на самиот себе дека имаме морал и просветлен поглед на животот. Тоа не се случува на сила, неприфаќање на себеси како несовршени суштества не е чекор кон знаење и свесност. Прво, си признаваме себеси колку имаме себичност во секојдневните задачи, и од тоа време на признавање и спознавање, почнува патот кон свесното знаење.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s